Струмичките Училишта Спремни за Новата Учебна Година

Деновиве, советниците од СДСМ ги посетија основните и средните училишта во Струмица.
Овие посети се со цел да се утврди подготвеноста на училиштата за стартот на новата учебна година.
Денеска тие беа во посета на основното општинско училиште Маршал Тито и средното општинско училиште Никола Карев.
Според Катерина Кузмановска, претседател на Комисијата за образование, во училиштата во тек се активностите: молерисување, чистење, одржување на училишни дворови, дезинфекција и дератизација. Со ова се исполнуваат условите за успешно отпочнување на воспитно – образовниот процес за 2015 – 2016 година во Струмица.Од друга страна, како проблемите се издвojуваат намалување на бројот на запишани учениците како и непружење на финанскиска помош за капитални проекти во струмичките училишта од страна на Министерството за образование и наука.
„Знаеме дека има потреба од една континуирана капитална обнова на училиштата, доградба, реконструкција. Ова е во надлежност на Министерството за образование и наука. Училиштатa поднесуваат барања до министерство и, се надевам, во наредниот период ќе имаме поголем слух од оваа министерство бидејќи училиштата користат самофинансирачки и наменски средства за поголеми зафати, со финаниска поддршка од општина Струмица. Во однос на упис на учениците, постои проблем на намалување на упис на учениците од турската националност . и затоа упатуваам апел тие да побрзат да се запишаат. Според статистичките податоци, бројот на учениците кој треба да биде запишан во прво оделение, оваа година значително е намален што може да го поврзаме со фактот дека имаме одлив на млади родители надвор од земјата’’ – изјави Кузмановска по посетата.
Во текот на летниот период, во Основното општинско училиште „Маршал Тито’’ извршено е молерусување на просториите во училиштето како и во подрачните училишта во селата Рич и Попчево, извршено е фарбање на вратите, поставена е монтажна опрема за паркирање на велосипеди.
Во тек е набавка на ПВЦ врати во санитарни јазли како и дезинфекција и дератизација на училиштето. Во Средното општинско училиште „Никола Карев’’ извршено е обелување на 5.000 метри квадратни училници и ходници, се заменуваат застаклени и алуминиумски профили и стакла.

Напишете коментар