Струмичкиот Том Џонс, маестро Горан Кукич повторно го воодушеви жирито

Викендот, во познатото музичко шоу Никад није Касно, нашиот познат и признат музички вокал Горан Кукич повторно го воодушеви жирито и публиката во Белград.

Горан во овој втор настап се претстави со песната Лола и го остави жирито без зборови.

Горан беше во придружба со својата сопруга Ленче и колегата Горан Алич.

На инсистирање на жирито Ленче повторно запеа во дует со Горан, познатата пеачка и член на жирито Верица Шерифовиќ им рече дека тие се створени еден за друг и дека тие заедно се една душа, му посака среќа на Горан во понатамошното натпреварување , како и двајцата да останат засекогаш заедно бидејќи зрачат неверојатна позитивна енергија.

Напишете коментар