Струмичани краделе електрична енергија и фалсификувале документи

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(49) од Струмица поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 07.10.2015 година во 15.30 часот при вршење редовна техничка контрола од страна на вработени во ЕВН Македонија-КЕЦ Струмица во неговата куќа било констатирано дека пријавениот неовластено користи електрична енергија на начин што вградил мерна опрема која не е одобрена или вградена од ОДС. Со добиена пресметка од ЕВН-КЕЦ Струмица утврдено е дека со кражбата на електричната енергија е причинета материјална штета во износ од 12.762 денари.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против М.М(45), такси превозник од Струмица, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ и кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“. На 05.10.2015 година во 13.45 часот при контрола на сообраќајот во Струмица полициски службеници запреле ПМВ „Сеат“, кое било управувано од пријавениот. Покрај останатите документи , на службените лица тој им дал на увид и уверение за здравствена и психофизичка состојба за управување со моторно возило. Полициските службеници забележале дека уверението е издадено во 2012 година, а од страна на пријавениот било преправено дека е издадено од 2013 година за да може да го користи во јавниот сообраќај уште една година.

Напишете коментар