Струмичани докажаа дека се хумани,успешно реализиран уште еден новогодишно-божиќен концерт

65.000 денари се собраа од новогодишно-божикниот концерт на струмичките гимназијалци. Ова денес го изјави Џоко Горгиев од Младински совет Струмица, додавајки дека струмичани и годинава се покажаа како големи хумани луѓе. Со шестиот по ред божикен концерт организиран од хорот и оркестарот на Средното Општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица и Младинскиот совет се собраа доволно средства кои се наменети за лекување на две млади наши сограганки. Од своето постоење до денес, Младинскиот Совет од Струмица има организрано повеќе акции и проекти, преку кои струмичани имаат можност да ја покажат својата хуманост. Членовите на Младинскиот совет рекоа дека собраните средства од новогодишно-божикниот концерт им дава мотив за организирање на уште вакви и слични активности се со цел да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.

Напишете коментар