Струмичанец загина во сообраќајна несреќа во Мокриево

Струмичанец загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата вечерта во 21.30 часот на регионалниот пат село Банско – село Мокрино, во центарот на селото Мокриево.
Четириесет и едногодишниот Лазар Л., од струмичкото село Борисово со автомобил „голф“ излетал од патот, удрил во ограден ѕид од куќа. Од ударот возилото се одбило и паднало во канал за наводнување.

Возачот починал на самото место. Увид на лице место извршил јавен обвинител и екипа од СВР Струмица и се утврдуваат причините за несреќата.

Напишете коментар