Стартуваше изградбата на новата фабрика на Џонсон Контролс во ТИРЗ Струмица

Американската компанија „Џонсон Контролс“ почна да ја гради својата нова фабрика во ТИРЗ Струмица.

По Штип, американската компанија лоцира производствен погон во Струмица. Инвестицијата е тешка 20 милиони долари, ќе донесе нови 1.500 работни места. Дејноста останува иста, производство на покривки за автомобилски седишта.
Отворањето на новата фабрика е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку истовремено и можност за нови вработувања, кои заедно со оние во фабриката во Штип изнесуваат над 3.000 работни места, вели директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа претседателот на Владата Емил Димитрев, вицепремиерот Владимир Пешевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Преземено-СтрумицаДенес.мк

Напишете коментар