Советот на општина Василево ги усвои кварталните извештаи на општината

Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево (K-3) сите за периодот од 01.01.2015 до 30.09.2015 година, беа усвоени на деншната редовна 32-ра Седница на Советот на општина Василево. Советниците ги усвоија и предложените измени и дополнувања на Буџетот. Се работи за намалување на вкупниот Буџетот (Буџетот на општина Василево со единките корисници) за 13 951 083 денари додека намалувањето кај основниот Буџет е за 13 495 000 денари. Советниците ја усвоија и предложената одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објекти каде што како инвеститор се јавува општина Василево.
На оваа седница, неодамна формираниот Совет на млади на општина Василево е дополнет со уште тројца членови и тоа: Лазе Василев, Дени Цеков и Иван Коцев.
Советниците одлучија и дека за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на општинските патишта и улици во општина Василево ќе се наплаќа надоместок и тоа за големина од 0,5 м2 до 1,00 м2 надоместокот е 3000 денари, за големина од 1,00м2 до 3,00 м2 – 5000 денари и за големина над 3,00 м2 износот е 10 000 ден.
На оваа седница одобрени се и две барања за финансиска поддршка поднесени до Советот на општината.

Напишете коментар