СОУ „Јане Сандански“ домаќин на Светскиот ученички куп

СОУ „Јане Сандански“ќе биде домаќин на регионален квалификационен натпревар на Светскиот ученички куп, чија цел е да ги мотивира учениците да пронајдат нови интереси и да научат повеќе вештини, сето тоа преку зближување на ученици од целиот свет.
Свеченото отворање на натпреварот ќе се одржи денес со почеток во 13:00 часот во НУЦК „Антон Панов“, а веднаш потоа во просториите на СОУ „Јане Сандански“ ќе започнат и натпреварите. На истите, учениците преку практикување на англискиот јазик ќе одговараат на прашања, ќе пишуваат есеи и ќе дебатираат.

Идејата за одржување на регионален натпревар токму во Струмица беше најавена лично од „алпака-директорот“ Даниел Бердичевски, основач на Светскиот ученички куп, кој минатата година во месец септември беше во Струмица и го претстави купот.

Напишете коментар