СОУ „Димитар Влахов“ воспостави соработка со земјоделското училиште „Футог“ од Србија

Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ воспостави соработка со земјоделското училиште „Футог“ од истоименото место во близина на Нови Сад, Србија. Протоколот за соработка, денеска, го потпишаа директорот на „Димитар Влахов“ Димитар Ѓорѓев и директорот на „Футог“ Душан Гагиќ. Овој протокол опфаќа размена на искуства во реализацијата на наставните планови, размена на ученици за практична настава и обука и изработка на заеднички проекти.

Напишете коментар