Соопштение Општина Василево ќе Прска Против Комарци

Се известуваат граѓаните на општина Василево, дека во сабота (18.07.2015 год.), во раните утринските часови во периодот од 05,00 до 08,00 часот, општина Василево ќе врши авионско прскање против комарци.
Се предупредуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) да преземат соодветни мерки за заштита односно затварање на кошниците со пчели за време на прскањето и во период од 3-4 часа по прскањето заради можноста од влијание на средствто со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Истата активност ќе биде повторена и после 20-25 денови за што навреме ќе информираме.

Напишете коментар