Синоќа се Одржа 18 та Традиционалната Тортијада во Банско

Градоначалникот Заев со лицата со телесен инвалидитет на традиционалната Тортијада во Банско
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, уште еднаш ја потврди својата безрезервна поддршка кон лицата со посебни потреби. Откога стана Градоначалник па до денес, или, вкупно 10 години, е редовен посетител на Тортијадата која се одржува во хотелот „Цар Самуил“ во Банско, а во организација на здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“.
И синоќа, лицата со телесен инвалидитет од 11 градови во Македонија, му посакаа срдечно добредојде, го пречекаа како пријател со топли прегратки и голема благодарност затоа што и покрај обврските и годинава беше со нив, а му врачија и благодарница за континуираната поддршка на сите нивни активности.
-Ве поздравувам од мое и од името на советниците кои вечерва се овде со мене, а можам да ве поздравам и од амбасадорот Орав, и од Хан, и од Бејли, заради тоа што ние политичарите, најверојатно ја преокупираме целата наша македонска јавност, но секако и во овој период посветен на преговори, јас нема да дозволам ниту една тортијада да испуштам, традиционално, секогаш сум присутен овде, заради тоа што ова е богатство кое што вие го негувате долги години, еве, и до полнолетство дојдовме. Ја имам честа да ја водам оваа прекрасна општина Струмица која традиционално е врзана за оваа тортијада и навистина како прв човек на Општината домаќин, секоја година сум радосен што оваа манифестација може да расте и да се унапредува, која ни носи нови пријателства кои засекогаш остануваат во нашата меморија, а кои ни го збогатуваат нашиот живот. Само можам да ви кажам дека како ваш пријател, по она што претставува преокупација за нашата Македонија, ќе направиме се што е во наша моќ, нашата земја да ја направиме перспективно катче, достојно за живот подеднакво за сите граѓани. Ама, вечерва нема да зборуваме за политика, вечерва треба да се дружиме и секако да ја избереме најубавата торта од овие прекрасни дами кои што се потрудиле да ја збогатат вечерта. Ви посакувам убава вечер на сите, рече градоначалникот Заев.
На 18-та Тортијада, жири комисијата за најубава ја прогласи тортата на здружението од Штип, а второто и третото место ги освоија здруженијата од Битола и Кочани.

Напишете коментар