“Штеди вода, кажи ни како“ заврши со ескурзија на најдобрите класови во прекрасното Пехчево

Во непосредна близина на првите Пехчевски водопади во идиличен амбиент е распослана туристичката населба Равна река. Со непосредната детска игра и вниманието од своите одделенски наставнички, дечињата кои ги напишаа најдобрите статуси во проект кампањата “Штеди вода, кажи ни како“ ги осознаа убавините на прекрасната Малешевија. ЈПКД Комуналец ќе продолжи со ваквите кампањи, каде со мотивирање на младите се креираат навики и манири за користење на општите добра и природата.

Напишете коментар