Секцијата „Музички фолклор“ од општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ во посета на фолклорни ансамбли во Струмица

Учениците од ученичката секција „Музички фолклор“ во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, заедно со нивните наставници и претставник од општина Струмица, ги посетија фолклорните ансамбли „Тримери“ и „Кардешлик“ од Струмица. За негувањето на културата, фолклорот и традициите на македонската и турската заедница, учениците непосредно се запознаа со музиката, инструментите, носиите и други реквизити кои ги користат играорците на овие две фолклорни дружини. Заедничкото оро и испеаните песни, за учениците од секцијата беа едно ново искуство, што всушност е и дел од активностите од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, во кој оваа учебна година за првпат е вклучено и ова основно училиште.
Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието на Република Македонија, со повеќегодишна поддршка од градоначалникот и Советот на општина Струмица.

Напишете коментар