Се уредува паркова површина во населеното место Куклиш

Во населеното место Куклиш во тек е изведба на паркова површина со која жителите ќе добијат пријатно катче за одмор и релаксација. Според Панче Беџовски, советник за план и анализа во Одделението за локален економски развој на општина Струмица, Куклиш е петтото населено место во кое се реализира овој проект кој чини околу три милиони денари. Истовремено, тој апелираше до граѓаните да ги чуваат парковите површини затоа што тие остануваат во нивна сопственост и служат за нивни потреби.
-Со изведбата на паркот во Куклиш се завршува и последниот парк од предвидените 5 кои ги започнавме во месец март, а кои се во населените места Просениково, Свидовица, Костурино и Муртино и еве сега во населеното место Куклиш. Целата инвестиција на овие паркови е од околу три милиони денари и се надеваме дека граѓаните на овие населени места ќе бидат задоволни од новоизградените паркови и воедно апелирам да ги чуваат и одржуваат затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби. Општина Струмица и Градоначалникот, заедно со Советот на општина Струмица продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните во населените места и на територијата на целата општина, рече Беџовски.

Напишете коментар