Се уредува канцеларијата на месната заедница во Просениково

Општина Струмица и во оваа 2016 година ќе реализира повеќе активности во населените места, а со единствена цел да го подигне на повисоко ниво животот на граѓаните во нив. Во населеното место Просениково, почна уредувањето на просторот во кои е сместена месната заедница. Денеска беа монтирани четири нови прозорци и две врати, а во текот на утрешниот ден ќе се санира и оштетениот дел од покривот. Со овие зафати ќе се обезбедат пристојни услови за функционирање на месната заедница.

Напишете коментар