Се реконструира фасадата на училиштето во Дабиле

Во основното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од селото Дабиле, започна реконструкцијата на фасадата на училиштето со нова термоизолациона фасада во вредност од околу 300.000 денари. Термоизолационата фасада, заедно со неодамна поставениот нов кров со термоизолациони панели, финансиран со средства од буџетот на општина Струмица, ќе придонесат за големи заштеди на енергија за затоплување, а со тоа и до заштеда на значителни парични средства. Со тоа училиштето „Св.Кирил и Методиј“ од Дабиле, ќе се вброи во редот на енергетско ефикасни училишта во Република Македонија.

Напишете коментар