Се одржа третата форумска сесија

Во големата сала на домот на АРМ, синоќа се одржа третата форумска сесија во рамките на Буџетскиот форум во општина Струмица 2019/2020 година. На оваа сесија беше направен преглед на планираните расходи по дел од буџетската програма „Ј“ за 2020 и потпрограми – развојни програми: Урбана опрема, Нови зелени површини, Нов Парк – АТШ Берово, Нови канализации во Општина Струмица, Уредување на канал Крушевска Република, Канализациони системи во с.Вељуса, Изградба на мрежа за гас и Енергетско ефикасни фасади.
На сесијата се утврдуваа и граѓанските приоритети.

Напишете коментар