Се Обновува Тротоарот на Улицата „Браќа Миладинови“

На улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица, започнаа градежните активности за обновување на тротоарот, согласно програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2015 година, која што на предлог на градоначалникот Зоран Заев беше усвоена на Советот на општината. Денеска се вадеа старите рабници и асфалтот по што ќе бидат поставени нови бекатон плочки од куќен број 27 до куќен број 43 во должина од 220 метри.
Овој градежен зафат чини 1.660.000 денари обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Напишете коментар