Се изведуваат бетонски активности во градот и населеното место Попчево

Во рамките на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Струмица за 2018 година, во градот и населеното место Попчево се изведуваат бетонски работи. Завршена е рконструкцијата на дел од тротоарот на улицата „Браќа Миладинови“, бетониран е џеб на улицата „Младинска“, а во населеното место Почево, бетонирана е една улица, а ќе се бетонираат и останатите планирани во програмите на општина Струмица за оваа година.

Напишете коментар