Родителите и учениците заедно за „Детските права“

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од Детската фондација Песталоци од Швајцарија, и оваа учебна година продолжуваат активностите предвидени со акциониот план за следење на наставата по наставните предмети Општество и Граѓанско образование. Општина Струмица како партнер во овој проект кој го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, активно е вклучена во соработката на училиштата со локалната заедница и ја дава поддршката за успешна реализација како во редовната настава, така и во воннаставните активности.
Учениците и родителите од подрачното училиште во село Банско, кое работи во состав на ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, реализираа заеднички час со наставничката Верка Урдовска за основните детски права. Учениците и родителите од македонската и турската заедница, преку игра, песна и цртежи ги запознаа основните детски права. Цртежите со детските права, учениците ги поставуваа на соодветни места во училницата. Целта на часот беше исполнета, преку заедничкото дружење да се научи наставната единица, во која децата се активни субјекти со поддршка на нивните родители и наставници

Напишете коментар