Ристо Ѓоргиев- Заледани пилина од Лидл

Заледани пилина од Лидл
И глеем саа кај комшиите у Србија се истепа за тии едни пусти заледани пилина. Џаб’лк тии пусти заледани пилина, у сефте утворанио Лидл.
Брееј, е ного синки они од големото добро утро.
Ама шо се џиткат пред попо да фрље крсто у воота не мее јасно.
Па у ПМ, да не грешам душа, ама они се мајмуне за нас бе. Јас не знам дали ќе не стигнат некој пат они у еволуцискио развој. Нии сме на веќе на пато за 24 век.
Нии у Струмица еден на друг си викаме “дек си бе заледано пиле“ па да не излажам ама едно 10 години и да ви кажам право ного сме биле пред времето.
Е саа мош ќе ме питате и ка беше таа песната Право ќе ви кажам бабо.
Македонија е пна со заледани пилина. Народо толко го истрижаа шо уд овца го направии заледано пиле. Кти м’а без глава е. Само зуу така у времето и просто за ат’р.
Саа ќе кажате а бе не е до народо, политичаарто му е… мамето на народо. Ошашавее го. Акл му искараа. Арен сее народо.
Не викам не, народо нее ќитка за мирисане, ама у длабокото му е заледан мозоко и затава го возат кти тај маленкио воз у струмичкио парк, дек сакат там.
Виј саа, политичаарто у таа вукојебина са ербап и џанабет и си ги бива, и сите до еден си се заледани пилина. Се си стоо тава. Еден за еден, сите за нигде.
Е саа ќе кажате а бе политичаарто са в’ци, пред изборе са праат овцички а после се лавове и ајдуци излеват.
И се и не се. Лесно е да ти лепа раката. И лесно е да си јунак ка има кој да тепа за тебе. Ама ја на пример саа ка им избега Грујо на СДСМ видееме какви заледани пилина се уствари сите тии ербапе. Згусти работта малко, друмо под нозите, штрафта стана. Шо викат г’лбаарто точка са направи за Будимпешта.
Додуша колко са тии акмаци неспособни и заледано пиле од Лидл ќе им избега а не па в’к кти Грујо.
И саа отом потом никој не е крив ма разбираш ли, оти за ланскио снег нема шо да криваме Дрини нели. Нии В’дочката река не сме га исправиле па на Дрина саијр ќе и фајќаме. Мбето е ојде си Грујо да си троше паричките шо си ги направи додек не прааше заледано пиле и секоо чудо за три дена нели. Удрииме га нии на т…к насмејааме му се на „маката“ а он јаднио на судни маки, дек да наа место да истроше тии ситни пари.
Арно ма нели надежда ли ка се викаше, последна умирала.
Не бе чедо нема шанси, дек на мегдан с’с такви комити как наште. Прво Бранко не го затвори Љубчо, па Љубчо не го затвори Бранко. Па после Бранко го искара Зоки од зандана, а не го затвори Грујо. Грујо малко му ржна на Зочето, и на крајо демек ај Бучко нек оде у затвор.
Накрајта Миле вика саа самаро ќе го јадел оти не са можело на магаарто.
Ама јас знам как ќе е на крајта, оп кти заледани пилина у Лидл ќе ги издигаат. Нема ни цеента да им видаме. Кој апнал, апнал, кој не нек са слика на Бурчо на карбитна ламба.
Ја гледам тии човеци оште се мачат. Сите по судове акаа, демек че саа ќе го затворат, кти ка чекаш на кладилница, де саа ќе даат гол, де у 90 ќе биде, и апнала ги мечката паарте.
Нели пред 2 години, ни скурчи од тии заледани пилина шо бее пред тава, и викаме че ке ги мајнаме тии заледани пилина ќе донесаме нова пратка. Таа од Белизе ети не са погоди. Глоди, глоди само коска, и тај копано месо почна у ниеден уризник да не го бива.
И ај Јово на ново, нек има нови пилина. И пред да ги купаме тии пилина читааме на етикетта и шо да ти кажам, од арно демек нема да сме куртулиле.
А бе ка се опишаа тии новите пилина прстто да излижаш. И на скара и у уризник, и за домашна супа, за сичко ги бива.
И нели дај ново пиле, израдувааме се оти ќе има кркане, има да се избабалараме знааш как саа. М’скане ќе падне доанасана. Нема веќе стара кока, саа младо месо пресно ќе.
Арно ама излезе оти дека Киро под кирии а шо работе ангарии.
Новите пилина да ти биле тии сштите шо се вика, ама нова налепница. Иста пратка кти таа од Белизе само ново паковање.
Мбето ми беше оти у Македонија сите живи ластовички ојдее на југ оти ут заледани пилина не можее да фркнат. А тии заледанте пилина се наместии и за них таа држава е мајка, за другите е маќеа как шо ми стоо.
Едно само да ви кажам другаре од ка видех шо се договирии тии горе, у Македонија единствено се исплајќе да се прааш оти си заледано пиле од Лидл, кај нас само тии летат.

Напишете коментар