Ристо Ѓоргиев- Мамето и …. на цела Македонија

Во целата историја на независната македонска држава, никој не подобро не ја сумирал македонската политичка сцена и последиците од нивното дилетантско дејствување како „Господинот 109,5 %“

Кратко јасно и е во една реченица, од собраниската говорница „Господинот Кока Кола“, згрми:

МАМЕТО И ….. НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

Поминаа години од тој момент, но оваа изјава е уште порелевантна денес од кога и да било.
Од секогаш живо ме интересирало, зошто македонската левица и десница се секогаш во нелогична и државничка рововска битка на штета на сите нас. Никогаш не сум може да разберам зошто толку години по независноста немаме партии кои знаат да ја стават државата пред своите интереси.

Јордан Пиперката
Оваа тематика ме мачела и ме мачи уште од моето основно образование, кога за првпат почнав да ја изучувам македонската историја. Овој интерес кај мене уште повеќе се разбуди кога на МТВ се прикажуваше легендарната „Тврдокорни“. Посебно ми беа чудни и интересни епизодите за Јордан Пиперката и Христо Узунов.
Како мал не ми беше јасно која е позадината на тие предавства. Зошто македонците така лесно еден со друг би се предале на своите непријателите, за ништо друго освен материјална корист, а на своја штета.
Малку подоцна кога конечно ја поднаучив позадината на настаните, успеав да се опседнам со нова нерешена енигма. Оваа енигма до ден денес не успеав да ја разрешам.

Таа дилемата е како, македонската левица и десница никогаш не се помирија за доброто на татковината.

Годините пред и после Илинденското востание се секако многу тешки за секој македонец, а посебно за секој револуционер деец. Пропаѓањето на Илинденското востание, не веднаш, но полека ја отвора бездната на македонштината, нешто што и денес со свои очи го гледаме. Соседни пропаганди, многу успешно ќе ја исполнат таа бездна во години што ќе следат, па македончето ќе се бори на сите страни и во неколку војни дур да стекне независност.


Повик за востание
Уште пред востанието, во МРО тлеела борбата меѓу левицата и десницата. Солунскиот конгрес успева да го направи дефинитивен раздор во организацијата. Недемократскиот и нерегуларен начин на кој тој ќе се изврши директно ќе придонес за пропаста на востанието.
Дефинитвниот и кобен расцепот во МРО, настанал по Илинденското востание. На преден план избиле две главни прашања околу кои се кршеле копјата, внатрешното уредување на организацијата, прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација.
Со текот на времето, јасно ќе се оформат двете крила во самата Организација. Конзервативна струја и Реформска струја (Десница и Левица). Односите меѓу двете крила ќе се заострат до тој степен што ќе дојде до употреба на насилни мерки, атентати и елиминации за наметнување на своите принципи и ставови. Официјално во 1908 година дошло до дефинитивно распаѓање на Организацијата и конечно напуштање на матицата од страна на двете фракции.

Според некои истражувачи, по Младотурската револуција и по воспоставувањето на парламентарното уредување, Организацијата престанала официјално да постои. Тогаш, од членови на ВМОРО, кои преминале во легалност, биле создадени две политички партии: Соjуз на бугарските конституциони клубови и Народна федеративна партија.
Во август 1910 година, со донесувањето на Законот за забрана на граѓанските партии, дошло до ликвидација на партиите од страна на младотурскиот режим. Според други научници, по 1910 година, Организациjaта била обновена и настанала постепена трансформација на ТМОРО во ВМРО (Автономистичка). Тој процес започнал со Ќустендилскиот конгрес од 1908 година и се одвивал сè до 1919 година.

Кокарда на ВМРО Автономистичка
По завршувањето на овоj процес дошло до појава на ВМРО (Автономистичка), која станала еден од најголемите наследници на старата МРО.
Но, под водството на Александров ќе дојде до уште еден судир на левицата и десницата па во 1924, светлината на денот ќе ја види и ВМРО Обединета. Во екот на крвавиот расплет на конфликтот, животот ќе го загуби и самиот Александров, најверојатно заради потпишување на Мајскиот Манифест. Дискутабилно е дали со потпишувањето на тој договор тој сакал конечно да ги врати двете фракции назад кон матицата, но сигурно е дека тоа го платил со својот живот.


Уставот на ВМРО (Обединета) подготвен во Виена, 1925 година.
За првпат двете македонски фракции се надвор од матицата и речиси непрестано се саботираат, иако и двете тврдат дека Македонија им е пред се и над се.
За време и по Втората светска војна, македонската политика ќе ја одбележи НОБ и КПМ. Предоминантонста на левица во никој случај не ја задушува тивката борба со десницата и нејзините припадници. Голи Оток е секако сведок на последиците од непомирливоста на фракциите. Во 1990, со формирањето на ВМРО ДПМНЕ, ќе дојде до возобновување на војната на фракции, која еве активно трае до денес.

Како и зошто дошло до овој раскол на македонското ткиво може да се дискутира со денови, која од двете страни е крива сега веќе не важно.

Но годините независност, а посебно последниве 3 години не вратија во најцрните денови на Организацијата. Под закрилата на историското ВМРО, “фамилијата“ скоро 11 години ја пљачкаше државата, додека успешно не им ја предаде палката на левицата. (ако не можат да се договарат за државни интереси барем за криминални лесно се снаоѓаат).

Непрекинатата борба меѓу десницата и левицата, не донесе во период на пљачка, политичка нестабилност, невработеност, лажен патриотизам, екстремен национализам, дното на Европа и капитулантски договор со Грција.
Со години, Киро Глигоров говореше за важноста на двојната формула, но презафатени со своите лични политички интереси успеавме да прокоцкаме се и да се ставиме во ситуација во која прифативме Erga omnes како дар од небото.

Доколку мислите дека не можевме да добиеме подобар договор, само затоа што тоа и одговара на вашата партија грешите. Доколку сте симпатизер на ДПМНЕ и мислите дека вашата партија не е виновна за тоа што речиси бевме во шах мат позиција, исто грешите.

Гледате баш тука е проблемот. Македонскиот народ е премногу закопан во своите леви или десни ровови, за да може да види дека не може и не смее да се води меѓу македонска војна.

Очигледно е дека СДСМ исто како и ВМРО нема капацитет, кадри или пак има вистинска желба да го промени статус квото. Тоа значи левицата и десницата, меѓусебно ќе ги менуваат рововите во кои ќе се вкопани. Независно дали тоа е победничкиот и поголемиот или опозициониот или помалиот.

Еден од клучните процеси кои во моментот морат да се случат е помирување на десницата и левицата, еднаш за секогаш, за доброто на Македонија. Ваквиот процес ќе биде комплетен само тогаш кога терминот ВМРО ќе престане да се користи во партиски контекст.

ВМРО мора веднаш да замине во историјата каде и припаѓа, за да може да остане во срцето на секој вистински македонец, како историски борец за македонската кауза. Со конечното положување на ВМРО во пантеонот на историјата, треба да се создадат услови за развивање на уште еден клучен процес. Одронување на СДСМ.
Ротацијата помеѓу десница и левица, е очигледно нездрава за македонското ткиво па создавањето на трета, централна и помирувачка опција кој ќе биде баланс помеѓу двете „завојувани“ страни и ќе ги држи под контрола нивните криминални нагони е клучно.

Периодов во Македонија е клучен за создавање нови демократски процеси и создавање на вистинска демократија, која е клучна за успешно функционирање на малите народи. Создавањето на една изборна единица би треба да помогне во изборот на по релевантни опции и подобра народна контрола над самите пратеници. Клучно е пратениците во собранието да не бидат верни слуги на партијата, и да можат јасно да разграничат кои се националните а кои партиските интереси.

Недостатокот на долгорочна национална стратегија по сите клучни прашања, е недопустлива во едно модерно општество и доказ за политичката незрелост. Доколку СДСМ сака да покаже доблест и навистина конечно да донесе помирување на двете фракции, треба да се обиде да го постигне тоа по консолидирањето на распадот на ДПМНЕ.

Историја и циклусот на рововски битки меѓу левица и десницата мора да се прекине, криминалците мора да завршат за решетки, а институциите да се професионализират и остават надвор од политички влијанија. Доколку не ја научиме историската лекција за последиците од непрестаната војна меѓу левицата и десницата, Македонија ја чекаат уште потешки времиња.