Ременски на работна средба со Здруженија на граѓани од Струмица

Техничкиот министер за труд и социјала Фросина Ременски денека во просториите на Домот  на АРМ, имаше работна средба со Здруженијата на граѓани од општина Струмица.

DSC_0153

На оваа рабона средба со преставницие од повеќето здруженија на граѓани, се разговараше на повеќе теми кои ги засегаат членовите на овие здруженија.Претставниците испратија и барања до оваа министерство и до самата министерка да се решат приоритетните прашања и проблеми кои ги засегаат овие здруженија.

Министерката за труд и социјална политика, на прес конференцијата која ја одржа веднаш по средбата, информираше и за решавање на проблемот со кои се соочуваа заштитните друштва, односно фирмите кои вработуваат инвалидизирани лица, а се работи за 272 заштитни друштва, кои повеќе од осум месеци чекаа средства за поврат на придонеси за 2704 инвалидизирани лица, кои ги немаа добиено паричните средства за придонеси од плата. Министерството за труд и социјална политика пред една недела го одблокирала тој процес и еднократко кон овие друштва исплатила 254 милиони денари.

Напишете коментар