Реализирана заедничка ученичка активност од проектот за меѓуетничка интеграција поддржан од општина Струмица

Со цел да ја поддржи реализацијата на заеднички ученички активности за меѓуетничка интеграција во основните и средните училишта, општина Струмица обезбеди финансиска поддршка за секое основно и средно општинско училиште, чиј основач е Советот на општина Струмица. Реализацијата се однесува на планирани заеднички наставни и воннаставни ученички активности за меѓуетничка интеграција во образованието кои се реализираат самостојно во училиштето или во партнерство со друго училиште преку опфатени секции, проекти, спортски активности, презентации, приредби, посети на културно-историски споменици, заеднички наставни часови и взаемни посети на партнерски училишта за реализација на наставни и воннаставни активности.
Деновиве, преку овој проект, учениците и наставниците во мешан етнички состав од општинските основни училишта „Маршал Тито“ од Струмица и „Св. Кирил и Методиј“ од село Дабиље, остварија заедничка средба и преку спортски игри ја остварија планираната активност под мотото „Играме, учиме и растеме заедно“ и „Спортуваме, се забавуваме и натпреваруваме“.
Со оваа еднократна финансиска поддршка се овозможува одржливост на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието преку реализација на заеднички ученички активности кои ја промовираат меѓуетничката интеграција и интеркултурна комуникација.

Напишете коментар