: Реакција на прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, 03.12.2015г

Почитувани,

На градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, потребите и барањата на граѓаните веќе десет години им се на приоритетната листа и имаат партнерски однос во нивното задоволување и решавање. Токму тој партнерски однос во креирањето на локалните политики, ја направи општина Струмица лидер меѓу општините во Македонија, призната и потврдена од домашни и странски релевантни фактори.

Партнерскиот однос на граѓаните и градоначалникот Зоран Заев, посебно е потврден во креирањето на општинскиот буџет. Секоја година, тој се креира врз основа на барањата и потребите на граѓаните од урбаните и месните заедници, а веќе петта година по ред приоритетите заеднички се утврдуваат преку програмата „Форуми во заедницата“, а од оваа година и преку граѓанскиот проектен форум во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“.

Градоначалникот Зоран Заев и општинската администрација се посебно горди што во десетгодишниот успешен развој се вградени многубројни проектни идеи на граѓаните, поради кои Струмица и стана Општина по мерка на граѓаните.

Додека Градоначалникот и граѓаните ја градеа и развиваа Општината, советниците на ВМРО ДПМНЕ и нивната Влада го бојкотираа секој нивни успех, а на барањата за поддршка на проекти даваа нула денари.

Токму поради ова, Градоначалникот и Општината во денешната постапка на советниците на ВМРО ДПМНЕ, не можат да препознаат ништо друго освен гол популизам.

Напишете коментар