Реакција на Општина Струмица на прес конференцијата на група граѓани од с. Куклиш

Во врска со потребата за изградба на детска градинка во село Куклиш, градоначалникот согласно ветеното од својата изборна програма и наложи на општинската администарција да изготви проект кој беше доставен до Министерството за финансии, согласно Јавниот повик за користење средства од ЕУ ИПА грантови за рурална инфраструктура. Врз основа на таквиот ангажман на Општина Струмица, на 16. март годинава Советот на Општина Струмица донесе одлука за прифаќање на проектот ,,Опфат на деца во ран детски развој во руралните средини, во рамките на детската заштита,, . Проектот опфаќа проширување на доменот на дејствување на Јавната општинска устанува за деца – Детска градинка ,,Детска радост,, преку изградба и ставање во функција на три нови клонови, и тоа во Просениково (во ООУ ,,Герас Цунев,,) и реконструкција и пренамена на поранешните општински згради во детски градинки, во Муртино и Куклиш. За таа намена преку ИПА грантот се побарани и одобрени 7.368.000 денари, а се обезбедени и сопствени кофинансирачки средства од Буџетот на Општина Струмица за 2015 и 2016 г. во висина од 1.600.274 денари. Поради бирократски процедури во Министерството за финансии, Општина Струмица сеуште е во очекување на тие средства, за да пристапи кон реализација на проектот, во кој спаѓа и изградбата на Детска градинка во Куклиш.

Напишете коментар