Реакција на Општина Струмица на Одржаниот Прес на група Граѓани

Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, заедно со Советот на општина Струмица ја има донесено програмата за уредување на градежното земјиште. Во согласност со ова програма, заинтересираните граѓани ги информираме за следното:
-во текот на овој месец, а во согласност со планираните активности, ЈПКД „Комуналец“ ќе отпочне со изградба на фекална и атмосферската канализација и тоа на потегот од улицата „Бетовенова“ во правец на турските гробишта, бидејќи водоводните инсталации се веќе поставени. Веднаш потоа ќе следи бетонирање на истиот потег.
-уличното осветлување, канделабрите и урбаната опрема ќе бидат финализација и заокружување на целокупниот проект за кој градоначалникот Зоран Заев никогаш се нема откажано, ниту пак има намера да ја релативизира грижата спрема граѓаните.
-што се однесува до улицата „Бошко Буха“ поголемиот дел е веќе бетонирана со исклучок на преостанатите сто метри кои заради рационализирање на функционалноста на ободниот канал не се завршени. Имено, од страна на стручните екипи на ЈПКД „Комуналец“ во тек се последните проверки на внатрешноста на цевководот од ободниот канал, се со цел ставање во негова целосна функција.
Инаку, да потсетиме дека ободниот канал беше обврска на Владата, но таа крена раце од него потврдувајќи дека не ја интересираат граѓаните на Струмица.

Напишете коментар