Реакција на општина Струмица на одржаната прес конференција на група граѓани во Куклиш

Општина Струмица е една од ретките општини каде што вклученоста на граѓаните во креирањето на политиките е од исклучителна важност. Не постои било каква иницијатива поттикната од граѓанскиот сектор, за која градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, немат подадено рака.
За реализација на конкретната велосипедска патека, по барање на невладино граѓанско здружение, градоначалникот Зоран Заев преку Советот на општината има издвоено буџетски средства. Очекувајќи ја финализацијата на иницијативата, ќе значи искористување на издвоените буџетски средства и имплементација на целиот проект преку кој општина Струмица се јавува во улога на кофинансиер.
Секогаш во улога на силен поддржувач на граѓанските интереси, општината во секој момент е подготвена да овозможи подобрување на квалитетот на живеење на било која категорија од граѓаните.
Прашањето за обезбедување на сигурност за движење на граѓаните по регионалниот пат кој води низ Куклиш е во надлежност на државата, а по кое прашање општината за жал, во потполност се согласува дека не постојат никакви услови затоа.

Напишете коментар