Работилница на тема „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“.

Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организира работилница за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“.

Работилницата ќе се одржи на 21 јануари, 2016 год. (четврток), со почеток во 10.30 часот во Дом на АРМ, во Струмица.

Проектот е техничка помош финансиран со грант од страна на Светска Банка и има за цел да ги зајакне капацитетите на општините во Република Македонија за поефикасна употреба на енергијата, односно да ја подигне свеста за придобивките од финансирањето во мерките за енергетска ефикасност и јакнењето на општинските капацитети.

За време на настанот ќе бидат споделени резултатите од имплементацијата на проектот, научените лекции и предизвици. Поканети се да присуствуваат градоначалниците на општините од Југоисточен плански регион, менаџерите за енергетска ефикасност, претставници на општините, граѓански организации, бизнис заедницата и граѓани.

Претставници од Светската банка, Агенцијата за енергетика, како и претставници на имплементаторите на проектот ќе имаат свое обраќање и презентации на настанот

Напишете коментар