Промоција На Книгата Светилници На Светот – Македонски Светители

СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА
Со благослов на Митополитот Струмички г. Наум

Ве поканува на промоција на книгата за деца “СВЕТИЛНИЦИ НА СВЕТОТ – МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛИ” (книга II)

Се издава по повод Воскресението на Спасителот Господ Исус Христос, издавач е Струмичката епархија – манастирот “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.
Ова е втора книга од едицијата житија на светители од нашите простори, кои се збогатени со прекрасни илустрации од децата од Струмица.

Во неа се опфатени: Св. апостол Павле, Св. Цар Јустинијан Први, Св. Еразмо Охридски, Св. Константин Кавасила, Преподобен Јован Рилски, Преподобен Прохор Пчински, Св. Иларион Мегленски, Св. маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки, Св. маченик Агатангел Битолски, Св. Пречистански маченици, Св. Гаврил Светогорец, Епископ Велички, Преподобен Јоаникиј Ракотински и Преподобен Кипријан Слепченски.

Промоцијата и изложбата на детските цртежи ќе се одржи во манастирот Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, во четврток, 20 јуни, во 19.00 часот.
Организирана е и хуманитарна акција со изработки од децата.
Автор на книгата е Катерина Божинова.

Промотор на книгата е Викарниот Епископ Јаков Стобиски.

Бидете дел од нашата трета заедничка радост.