Промоција на книгата „ИГРАЛЕ МОМИ ПО МЕСЕЧИНА“ од Иван Котев

Денеска, 19.7.2018 година, во НЦУК „Антон Панпв“ во Струмица, со почеток во 20,00 часот, ќе биде промовирана книгата со еротска содржина „ИГРАЛЕ МОМИ ПО МЕСЕЧИНА“ од струмичанецот Иван Котев. Книгата ќе ја промовира Д-р Ана Витанова Рингачева, а низ промоцијата ќе води Ѓорги Калајџиев.
„Играле моми по месечина“ е книга од 160 страници меѓу чии корици се сместени 87 песни, 16 анегдоти, 11 народни приказни и стотици пословици и поговорки. Книгата ја рецензирала Д-р Ана Мартиновска која, меѓу другото, напишала: „Иван Котев е еден од ретките доследни и долгогодишни собирачи на богатствата од македонското народно творештво, неуморен во своите напори да ги собира и избира скапоцените и ретки фолклорни бисери за да ги зачувува од заборавот и да им ги остави во наследство на идните генерации. Таа своја благородна фолклористичка и публицистичка мисија, Котев во оваа прилика ја продолжува со едно исклучително значајна збирка на македонски народни умотворби со еротски мотиви насловена како „Играле моми по месечина“. Овој релативно неутрален наслов крие во себе провокативна и опсцена содржина, односно избор од народни умотворби од различни жанри – песни, приказни, пословици, гатанки, афоризми и други творби, кои поради својата тема и лексика недвојбено можеме да ги вброиме во она што се нарекува еротски фолклор.“
Ова е прва книга со ваква содржина во Струмичко.

Напишете коментар