Проектот „Поддршка на старт-ап бизниси за млади“ ги чека своите кандидати

Уште дванаесет денови трае јавниот повик за кандидати, за учество на едукативни обуки за млади, во рамките на проектот „Поддршка на старт-ап бизниси за млади“. Проектот е наменет за лица на возраст од 18 до 35 години, кои живеат на територијата на општина Струмица, а имаат своја идеја за започнување свој бизнис. Најуспешните осум кандидати кои ќе ги поминат едукативните обуки, ќе бидат наградени со по 3 000 евра за реализација на своите бизнис идеи. Со условите за пријавување, кандидатите може да се запознаат од јавниот повик кој интегрално е објавен на веб страната на Општина Струмица.
Инаку, проектот „Поддршна на старт-ап бизниси за млади“ е дел од Стратегијата за млади, 2015-2020 година, на општина Струмица и Акцискиот план за млади 2015-2017 година, а за потребите на општината го реализира „Knowledge Center“ во партнерска соработка со фондацијата Отворено општество-Македонија.
Со овој проект, Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, уште еднаш ја потврдија својата грижа за младите од општината и моќностите за креирање на нивната иднина.

Напишете коментар