Привршува санирањето на ударните дупки на улиците во градот и населените места

Со денешните интервенции на уште две улици, завршува планираното санирање на ударните дупки на улиците во градот и во населените места. Во изминатиот период се интервенираше на вкупно 42 улици во градот и на улици во населените места Куклиш и Градско Балдовци, а ќе се работи и на улиците во Вељуса, Добрејци, Просениково и Банско. Санирањето на ударните дупки се реализира согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2016 година, а со него е опфатена вкупна површина од илјада метри квадратни. Овој градежен зафат се реализира со средства од општинскиот буџет.

Напишете коментар