Примена на алтернативните мерки и нивно актуелизирање со цел стимулирање на незатворските мерки

Здружението НОВУС спроведува проект за афирмирање и актуелизирање на
алтернативните мерки со цел стимулирање на незатворските мерки.
Интересот за оваа проблематика е поттикнат од алармантните состојби во затворите
во вклучувајќи го и затворот во Струмица, каде како генерални проблеми се издвојуваат
пренатрупаноста, тортурата, нехуманиот и деградирачкиот пристап кон затворениците,
непристојни материјални услови, отсуство на било каков режим, непрофесионално
менаџирање, несоодветна здравствена заштита и недостаток на контрола и надзор.
Главна цел со алтернативните мерки е да се постигне стимулирање на
незатворските мерки, кои обезбедуваат баланс во релација сторител, жртва и општеството,
односно со главна цел казната затвор да биде применувана само како последно, финално
средство за отстранување на штетата, злото предизвикано со казненото дело.
Алтернативните мерки како општоприфатени санкции во повеќето современи
казнено-правни системи, се израз на тенденција за рестриктивна примена на казната
затвор и за третманот и реинтеграцијата на сторителите надвор од затворот.

Напишете коментар