Прием кај градоначалникот Стојанов за најуспешните спортисти од ООУ Гоце Делчев

Денеска градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, ги прими во својот кабинет најуспешните ученици-спортисти од ООУ Гоце Делчев, кои учествувале и освоиле награди на државните спортски игри и натпревари.

Наградените одбојкари и атлетичари заедно со нивната наставничка Алма Хасанова во кабинетот, со градоначалникот ги споделија своите искуства од натпреварите, своите идни планови и желби. Задоволни од постигнатите резултати, 3-то место на државното првенство во одбојка за машки  и 3-то место во атлетика – штафета 4х100 метри, машка конкуренција,  ветуваат дека во наредната година ќе постигнат уште подобри резултати.

Градоначалникот Стојанов истакна дека и понатаму општина Василево ќе го подржува спортот како и дека секогаш е задоволен кога ваквата подршка се враќа со награди од спортските натпревари.

Напишете коментар