При контрола во угостителски објекти, СВР Струмица откри присуство на малолетни лица после полноќ

Секторот за внатрешни работи Струмица, на 18/19.01.2019 година, во времето од 23,00 до 03,00 часот, изврши контрола во повеќе угостителски објекти во централното градско подрачје во Струмица.
Притоа во два угостителските објекти во Струмица, од страна на полициски службеници констатирани се прекршоци по чл.21 од ЗППЈРМ (присуство на малолетници /деца после 24,00 часот) и по чл. 75 ст.1 т.3 од Законот за приватно обезбедување.
По целосно документирање на констатираните прекршоци Полициската станица од општа надлежност Струмица, ќе поднесе Барања за поведување на прекршочна постапка до Основен Суд- Струмица.
Ваквите активности на СВР-Струмица ќе продолжат и во иднина.
Апелираме до сопствениците на угостителските објекти да ги почитуваат позитивните законски прописи.

Напишете коментар