Претставници од Министерството за здравство ја посетија амбулантата во Василево

„Денес во посета на општина Василево односно на амбулантата беа стручни лица од министерствот за здравство, со цел да ја увидат состојбата во овој објект и оправданоста на нашето барање за средства за поставување на систем за парно греење со кој би с затоплувале сите простории“ рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во врска со денешната посета на претставниците од Министерството за здравство, од каде општина Василево прави напори да обезбеди средства за поставување на систем за парно за греење на објектот. Со оваа активност ќе биде заокружен целокупниот процес на реконструкција и осовременување на условите во амбулантата. Во изминатите неколку години, општината има реализирано низа активности. Со сопствени и со средства обезбедени со посредство на волонтерот од Мировниот корпус, обновена е целокупната малтарија, поставена е нова инсталација, променета е столаријата, направена е нова фасада и поставени се клима уреди.

Со системот за парно греење ќе биде заокружен и комплетиран процесот на реновирање на овој објект со што на сегашните и идните концесионери општината ќе им понуди одлични условои за работа. Во моментот во амбулантата функционираат една приватна здравствена установа со општ лекар и медицинска сестра и една стоматолошка ординација.
За оваа активност, општината веќе има изготвено техничка документација, а подготвена е делумно да учествува и со средства од сопствениот Буџет.
Од општината се надеваат дека со подобрување на условите, интерес за овој објект ќе се појави и кај некој од лекарите специјалисти.

Напишете коментар