Прес на Советниците на Вмро Дпмне-Очајна е Состојбата на Влезот во Градот

Советниците на ВМРО ДПМНЕ при Советот на Општина Струмица одржаа прес конференција на која ја потенцираа состојбата во која се наоѓа дивата депонија во близина на селото Куклиш. Тие велат дека состојбата е загрижувачка а глетката поразителна. Овој хаос на влезот во градор добива уште повеќе тежина во деловите кога во Струмица се одржуваат манифестации од меѓународен карактер како што се: Струмичката ликовна колонија и Фестивалот на камерен театар Ристо Шишков, е загрижувачка, а глетката поразителна.

Советникот Зоран Пакетов изјави дека за состојбата со депонијата советничката група на ВМРО- ДПМНЕ во повеќе наврати го иницирала проблемот на седници на советот, но градоначалникот Заев и директорот на ЈПКД Комуналец не покажал волја ниту имал слух за решавање на проблемот. Затоа денес од оваа место го повикуваме градоначалникот Заев да почне да ги решава проблемите на граѓаните за што добива плата. Во спротивно нека си поднесе неотповиклива оставка за да можат граѓаните да си изберат градоначалник кој ќе се грижи за нивните интереси, додава тој11997389_10204748555305553_2119816060_n 12000060_10204748555785565_401405165_n 12016435_10204748558185625_898471052_n 12026690_10204748557585610_573528818_n

Напишете коментар