Прес на Сојузот на Земјоделците

Денеска се одржа прес на Сојузот на Земјоделците,па еве го интегралниот текст од прес конференцијата.

Почитувани

Деновиве премиерот Груевски и неговата свита ја посетија Струмица и  најземјоделскиот регион во Македонија.Но, според нашата оценка, тие и овојпат не дојдоа за да ги слушнатземјоделците и градинарите, за да помогнат и за и да видат што се случува во земјоделието. Тие дојдоа за да го кажат она што тие сакаа и она што ним им лежи на душите.

Впрочем, тие немаа смелост и доблест да дојдат кога ни беа најпотребни, кога ни беше најтешко и кога доматите и бостанот ги продававме без пари.

 

Господине Груевски,  после свадбата тапаните никој не ги слуша.

Земјоделството не познава дволични политики. Ефектите од вашите реформаторски проекти во нашиот сектор се повеќе од очигледни. Од вашето доаѓање на власт трошоците во земјоделието повеќекратно се зголемија, производство и бројот на вистинските земјодеци се се помали, а увозот на храна и незадоволството кај земјоделците се се поголеми.

 

И збор-два за дел од останатите членови во вашата последна предизборна парада во Струмица и Струмичко. На неа се појавија и некои претставници на земјоделците, кои имаа за цел единствено да се појават пред вас. Нив ги немаше во текот на оваа сезона која е една од најлошите во градинарството, нив ги немаше да ги штитат своите и интересите на останатите градинари кога тоа беше најпотребно.

 

Затоа сакаме да им порачаме дека во наш заеднички интерес е тие да бидат поодговорни и посовесни. И кон сите нас и кон самите себе. Тие треба да знаат дека премиерот не е земјоделец идека тој не ја чувствува нашата болка и затоа токму тие се должни отворено и реално да ги изнесуваат состојбите и проблемите кои се случуваат на теренот. Ако се чесни тие не треба да се додворуваат и за ситни партиски поени да ја сечат гранката на која седат.

 

 

Напишете коментар