Прес на Група Граѓани од Куклиш-Господине Заев Каде е Градинката што ја Ветивте пред 6 Години

Денеска група на граѓани од Куклиш, оддржаа прес конференција каде го јавно го прашаа Градоначалникот Зоран Заев каде е градинката што ја вети пред шест години.
Тие исто така рекоа дака тоа е само уште една лага од градоначалникот Заев, кој воопшто не е присутен во Општина Струмица и затоа треба да си замине од оваа функција.Во прилог еве го интегралниот текст од денешната прес конференција.

Почитувани Зоран Заев лаже.
Градоначалникот Заев, вети, излажа дека ќе изгради нова детска градинка во Куклиш.
Еве сме на лице место, нема ништо од ветенета детска градинка од Заев.Ниту ги посети граѓаните од Куклиш, ниту им објасни каде е градинка која јавно ја ветува 6 години.Тој 2010 години вети дека за една година ќе изгради градинка, еве поминаа шест години тој нема ниту почнато.Родителите од Куклиш продолжуваат со својот проблем за згрижување на своите деца.
Оваа лага на Заев е дел од серијата лаги, што Заев со години ги упатува кон жителите на Куклиш и цела Струмица.Потценувајќи ги,сметајќи дека може да ги лаже граѓаните како што тој сака.Наместо политички соопштенија и изјави,еве нека дојде во Куклиш и нека објасни зошто населеното место со над 3000 жители и со околу 100 деца за предшколска возраст е без градинка.Зошто ги лаже граѓаните и јавноста цели 6 години.Оваа е само една од лагите на Заев и неговото нечесно работење.Струмица е најмалку интерест на Заев.Општина Струмица работи без Градоначалник и затоа Заев треба да повлече од позицијата Градоначалник на Струмица.Струмица заслужува подобро и повеќе.

Напишете коментар