Прес на градоначалникот Стојанов за топ три проектите за 2016 година

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес одржа прес конференција за топ три проектите за наредната 2016 година. Според Стојанов тоа се Регулација на Сушевски порој, Изградба на дел од локален патен правец Чанаклија –Нова Маала и изградба на улица во индустриската зона Градошорци.

Во продолжение е целиот текст од прес конференцијата.

Драги сограѓани!

Општина Василево како и досега така и во иднина ќе работи во интерес на граѓаните, подобрување на квалитетот на нивниот животот, но и создавање подобри услови за инвестирање и побрз економски развој преку вложување во индустриските зони. Токму оваа ќе бидат наши приоритети и во следната 2016 година, бидејки граганите на општина Василево тоа го кажаа и на синоќешниот Буџетски форум каде со гласање и приоритизација ги посочија проектите кои треба да се сработат
Следната година планираме реализација на повеќе инфраструктурни проекти. Сепак како најкрупни би ги издвоил, Регулација на сушевски порој, Изградба на дел од локалниот патен правец Чанаклија Нова маала, изградба на улица во индустриската зона Градашорци за што како општина веќе обезбедивме средства во висина од речиси милион евра како од сопствениот Буџет така и од Владата на РМ која во контуинитет излегува во пресрет на потревите на нашата општина
Пред две години во Сушево се случи елементарна непогода. Надојдените води го урнисаа коритото на Сушевски порој, уништи дел од патната и уличната инфраструктура. Следната година токму таму планираме да инвестираме половина милион евра. Ќе се регулира сушевскиот порој со цел да не се повтори сликата од пред две години, паралелно ќе изградиме улица покрај поројот а до училиштето во Сушево ќе изградиме патека за безбедност на сите пешаци а најмногу за учениците.
Втор по големина проект што планираме да го сработиме идната година е асфалтирање на километар од патот Чанаклија Нова маала и полека да го комплетираме овој патен правец каде пред две години асфалтиравме 1,3 килоемтри . За реализација на овој проект во 2016 година планираме да потрошиме 9 милиони денари од кои 7 обезбедивме од Бирото за регионален развој а останатите од Буџетот на општината
Рековме дека како локална самоуправа паралелно водиме грижа и за унапредување на условите за инвестирање во индустриските зони. Следната година општина Василево фокус ке даде на Индустриската зона Градашорци. Таму планираме да потрошиме околу 20 милиони денари за патната инфрструктура за пристап и изградба на улица до капацитетите што се градат. На тој начин отвараме можност за интензивирање на градбите но и можност за привлекување на дополнителни инвестиции кои ќе отворат нови работни места .
Ова се само дел од проектите, на кои планираме идната година целосно да се посветиме на нивна реализација, бидејки токму тие беа и меѓу приоритетните што ги изгласа граганите низ форумските сесии . Општина Василево за идната година планира реализација и на други проекти кои ке бидат во функција на граѓаните а за кои веќе работиме на обезбедување средства во Буџетот на општината . Планираме асфалтирање улици, изградба на пешачки патеки, водоводни и канализациони мрежи , спортски игралишта и тоа се во интерес на граганите на општина Василево.

Напишете коментар