Прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица Струмица, 19.06.2016г

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие својот криминал со измислени лаги во коишто никој не верува.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев е срам за цела Струмица.

Кутриот Пишев, добил наредба од врвот на неговото криминално раководство на партијата, како знае и умее, да измисли нешто за да го напаѓа градоначалникот Зоран Заев, само со една цел- да ги покрие и сокрие сите криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Лагите на Пишев се потврдени невистини. Дури и самиот Пишев мавташе со погрешни документи пред камерите со што бесрамно ја лаже целокупната јавност.

Да се презиваш ПИШЕВ, а ПИШАНОТО да не знаеш да го прочиташ како што треба, е срамно.

Арно ама, според поговорка која вели „Домашниот есап на пазарот не излегува“ , есапот на Пишев да ги оцрни Заев и фирмата Тритерол не му излезе пред јавноста како што тој замисли.

Вистината излезе на виделина и се покажа дека Пишев излажа уште еднаш .

Реакцијата од Општина Струмица и демантот на „Тритерол“ покажаа дека Пишев повторно е ставен во стапица како се служи со невистини.

Бурата од реакции на граѓаните од цела Македонија покажаа што мислат тие за Пишев и за неговите инсинуации.

Но кога Васил Пишев е во прашање, тогаш таквите негови „излети“ не се ништо ново.

Што да се каже за човек кој покажува среден прст, а потоа вели дека играл рап ?

Што да се каже за човек кој пред Антикорупциската комисија прикажува еден извештај за неговата имотна состојба, а криејќи ги своите недвижнини и бизниси во Бугарија, таа состојба е сосема друга.

Што да се каже за човек кој иницираше разни незаконски мерки за да го избегне поразот од Заев на последните локални избори.

Од таков човек и „квазиполитичар“ не може да се очекува ништо друго, освен и понатаму да држи прес конференции во кои се користи со гнасни лаги.

Му порачуваме на лажниот струмички рапер, дека залудни се сите негови обиди.

Тој, неговиот лидер Груевски и неговата ВМРО ДПМНЕ, мора да ги пакуваат куферите.

Правдата се враќа, следува одговорност.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Напишете коментар