Препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот

Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 04.12.2018 година, а согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12.2017 година) за надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 01.12.2018, 02.12.2018 и 03.12.2018 година) со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), градоначалникот на општина Струмица, ги објавува следните ПРЕПОРАКИ до граѓаните:

-Да се користи јавен превоз со мотори на плин (такси автомобили, такси комбиња), користење на јавен превоз кога станува збор за локалните населени места,

-Приватните возила да не се користат без поголема потреба,

-Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,

-Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила,

-Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,

-Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци,

-Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците,

-Да се користат печките на пелети бидејќи имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата,

-Пелетите да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи,бои и лакови)

-Ефикасното грејно тело го загрева домот, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата,

-На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви заболувања, но и за лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор,

-Носење на филтер маски за дишење,

-Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКД „Комуналец“.

Напишете коментар