Премиерот Груевски на Средба со Граѓаните на О.Босилово

Премиерот Груевски заедно со градоначалникот Љупчо Колев и претставници од Владата на Р.Македонија остварија средба со граѓаните од населените места во општина Босилово и заеднички одговараа на прашањата од граѓаните .Граѓаните упатија благодарност до премиерот за неговата посета, за неговите напори за реализацијата на големиот број на проекти во овој регион со кои се подобруваат условите за живот и за неговата посветеност за решавање на проблемите на граѓаните.
Најпрво остварија средба со граѓаните од населено место Босилово и го посетија Домот на културата кој е во фаза на реконструкција(инвестиција вредна околу пет милиони денари).
Во село Моноспитово, беше пуштена во употреба првата градинка за деца од претшколска возраст ,,Малото славејче”, проект за кој Владата и Општината заедно имаат издвоено 5,5 милиони денари. Премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба истакна дека изградбата на оваа градинка е од исклучителна важност за иднината на општина Босилово, особено затоа што е тоа општина во која бројот на новородени деца е во нагорна линија.
Дел од агендата на премиерот Груевски беше и посета на компанијата „Јавор мебел“ во населено место Турново која е корисник на владините активни мерки за вработување од проектот „Македонија вработува“, при што разговараше со менаџерскиот тим за поддршката за домашните компании и нивните развојни планови.

Напишете коментар