Премиера на филмот „Последниот Македонец – патот до истребување

Синоќа пред струмчани, премиерно беше прикажан документарно – играниот филм „Последниот Македонец – патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски, а продуцент на истиот е Снежана Лупевска Созен. На премиерата присуствуваа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, членови на истиот, претставници на локалната самоуправа, на општинските јавни претпријатија, институции и училишта.
Со ова општина Струмица потврди дека секогаш била, е и ќе биде отворено и слободно место за презентација и поддршка на сите проекти на авторите кои оставаат белег и го збогатуваат културното творештво.

Напишете коментар