Преку „Систем 48“ во октомври решени 200 проблеми на граѓаните

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец октомври, биле примени вкупно 220 пријави. Од нив надлежните општински служби решиле 200, останатите 20 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во месец октомври, се од областа на уличното осветлување 140, од
областа на собирање смет 23, водовод и канализација 15, паркови и
зеленило 9, општински инспекциски служби 8, а останатите се од други области.

Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.

 

Напишете коментар