Предадени книгите собрани во акцијата за КПУ Струмица

Во Понеделникот  беа доставени во просториите на КПУ Струмица и официјално предадени на директорката на установата Тања Достинова Запрова книгите кои беа собрани во текот на изминатата недела како дел од акцијата „Твојата книга за некого е дом“.

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контектс – Струмица“, во соработка со Младинскиот Совет, здружението „НОВУС“, Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ и Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – ICBOM во акцијата реализирано минатата среда, во кафе бар „Селект“, а со медиумската поддршка на ТВ Канал Вис и порталот Strumica Online собра околу 200 наслови кои од денес ќе ги надополнат полиците во затворската библиотека на КПУ Струмица.

Со оваа акција организаторите се надеваат дека не само што го збогатија книжевниот фонд на книги кои по затворите низ Македонија е од постар датум и недостигаат изданија од поново време, туку и дека читањето на овие нови наслови и автори же продолжи да ги одржува во живот и да им дава утеха и надеж да бидат подобри луѓе во иднина.

Струмица уште еднаш покажа дека е град со култура и има луѓе со добра волја и граѓанска свест и со оваа акција само направи почеток на една нова перспектива во вклученост на граѓаните. Меѓу уникатните наслови кои беа подарени на КПУ Струмица има книги од лолални (роднокрајни) автори, национални и светски автори, од повеќе книжевни форми и области.

Напишете коментар