„Практични пристапи кон децата со аутизам и АДХ“

Сојуз на дефектолози и општина Струмица организираат обука на тема „Практични пристапи кон децата со аутизам и АДХ“
Сојузот на Дефектолози на Република Македонија, останувајќи доследен на своите принципи, дефектолозите, логопедите, стручните служби и наставниците во земјава да бидат високообучени за теми и области, како и проблеми кои најмногу ја засегаат нивната секојдневна работна пракса, и овојпат во соработка со општина Струмица организира обука на тема: „Практични пристапи кон децата со аутизам и АДХ“, на која ќе предаваат акредитирани странски предавачи од Република Србија, специјализирани за својата методолошка област. Обуката ќе се реализира на 27 и 28 септември, во општинското основно училиште „Сандо Масев“ во Струмица терми од 9 до 17 часот.
-Обуката е високоинтегрална бидејќи се однесува на две категории на попреченост (аутизам и АДХД) и обработува четири методолошки пристап во третманот со овие деца(АБА-метод, TEACCH(тич)-метод, музикотерапија и принципи за изработка на Индивидуален образовен план на децата со попреченост во образованието во редовните училишта). На обуката ќе учествуваат 34 учесници, за кои котизацијата ја обезбедија основните училишта, средни училишта како и детската градинка за своите вработени (32), преку препорака на одделението за образование при општина Струмица, а поединците-учесници (2) по пат на самофинансирање, вели Спасе Додевски претседател на Сојузот на Дефектолози на Македонија.
Од Сојузот на Дефектолози на Република Македонија и од општина Струмица се надеваат дека по оваа обука учесниците – дефектолози, логопеди, психолози, педагози, наставници и родители, ќе бидат обучени за адекватен методолошки пристап во секојдневното соочување и пракса со овие ученици.
Со оваа поддршка, општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев уште еднаш ја потврдуваат својата грижа за децата, посебно за децата со посебни потреби.

Напишете коментар