Повик за учесници во Школата за активно граѓанство!

Школата за активно граѓанство се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Во рамки на Школата за активно граѓанство, Форум-Цeнтар за стратешки истражувања и документација (Форум–ЦСИД) објавува повик за осмата група учесници кои ќе посетуваат два модули обуки во текот на 2015 година и една алумни средба со учесниците од претходните групи учесници во Школата во 2016 година. Првиот модул ќе се одржи во октомври, вториот во ноември, а алумни средбата ќе се одржи во јуни 2016 година.
Рокот за пријавување е 30 септември, 2015 година.
Повеќе информации на следниот линк: http://civilsociety.mk/povik-za-uchesnitsi-vo-shkolata-za-…/

Напишете коментар