Повик за учесници на обукa за млади од руралните средини на тема: „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“

Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамки на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран од страна на Фондација Отворено општество – Македонија во партнерство со Општина Струмица, објавува повик за млади од руралните средини на тема:  „Проектен циклус и изработка на проектна апликација“. Оваа обука ќе придонесе за развој на капацитетите на младите од руралните средини за подобро проектно планирање и реализација на пректни активности и остварување на соодветни цели, односно стекнување на вештини за развој на целосна проектна апликација. Целта е да се мотивираат младите од руралните средни да се приклучат на веќе постоечките граѓански организации и да ги применат стекнатите знаења при пополнување на проектни апликации, но и работа на конкретни проекти кои ги реализираат локалните граѓански организации.

Обуката ќе се одржи на 15.06.2016 г. (среда) во канцеларијата Центарот на заедницата на општина Струмица (Дом на АРМ – Струмица).

Кандидатите за учество на обуката треба да ги исполнуваат следните критериуми:

– Да бидат на возраст од 15 до 30 години;

– Да живеат во рурално населено место и

– Да покажат интерес за стекнување и примена на знаења и вештини за пополнување на проектна апликација.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до недела, 12 јуни 2016 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail:goran.sachevski@ccstrumica.mk.

Максималниот број на учесници е 20. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со посебни потреби. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се одржи на македонски јазик од страна на искусен обучувач.

За дополнителни информации и/или прашања, обратете се на е-mail: goran.sachevski@ccstrumica.mkили на тел. 034/334-117.

Напишете коментар